Боки 13 се среќавал со Кирацовски и Ременска во Собранието

Бојан Јовановски, алијас Боки13, во периодот од јуни до ноември 2018 година во македонскиото Собрание, имал најмалку три работни средби со пратеникот Александар Кирацовски, тогашен генерален секретар на СДСМ. Средбите се случувале во текот на работното време во канцеларијата на пратеникот Кирацовски и траеле по околу час и половина. На две од тие средби присуствувала и пратеничката Фросина Ташевска Ременски, потпретседател на Собранието од редовите на СДСМ.

Ова го објавува порталот магазин.мк од каде велат дека посетите во Собранието на Македонија од страна на Боки13 биле уредно заведени од собраниското обезбедување кое, според пропишаните процедури, во регистарот на посетители го запишувало неговото име и презиме, и време на влегување, за што задолжително се води евиденција при самиот влез.

Порталот не знае кои биле темите на разговор при овие средби на Боки13 и пратеникот Кирацовски во Собранието.

Пред два дена Кирацоски изјави дека немал време за работни средби со Боки 13 кого го препозна во прекарот Коки што му го даде новинарот Бранко Героски.

Пред една недела МВР по налог на обвиннителството го уапси Боки 13 за рекет.

Информацијата за средбите на Ременска и Кирацоски на Магазин ја дојавил службеник вработен во Собранието, кој инсистира на анонимност, но уверува дека ваквите средби можат со сигурност да се потврдат со увид во собранискиот регистар на посетители, како и преку снимките на безбедносните камери.

Целата информација на магазин.мк

SHARE