Боки 13 трошел милиони на луксузна облека и уметнички слики, дознава Канал 5


Милионски суми трошел Бојан Јовановски – Боки 13 за луксузна облека од Луј Витон, Версаче, Гучи, Шанел и Прада но и за уметнички слики од Лазар Личеноски, Вангел Ковошач и Мерсад Бербер, дознава Канал 5. 

Ова е дел од наведеното во обвинението за случајот Рекет до кое дојде Канал 5.

„Напишано на три страни, во него обвинителството наведува како Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец ги договарале средбите со Орце Камчев, како екс шефицата на СЈО Катица Јанева го прифатила влијанието од Јовановски и ги земале парите. Вo обвинението се потврдува и она што веке беше јавно објавено –  дека Јовановски и Кичеец го посетувале Камчев во неговиот дом за да го убедат во влијанието што го имал Јовановски врз Катица Јанева“, јавува Канал 5..

SHARE