Боки 13 во банка и ги грабнал парите на најбогатата македонска баба хонорарец

Бабата која доби хонорар од неверојатни 720 илјади евра за своја идеја сега е без скршен денар, тврди дека луѓето од Меѓународниот сојуз и го зеле хонорарот веднаш по исплатага.

Телевизија Телма стапи во контакт со Лилјана Тодоровска, чија идеја за изградба на центар за возрасни била пласирана преку невладината организација Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски познат како Боки 13-ка. Таа на сметка добила и подигнала 720 илјади евра а платила и персонален данок.

Таа за Телма вели дека 720-те илјади евра ѝ биле земени уште во банка од претставнциите на Меѓународниот сојуз на Боки 13, кои ја туркале во инвалидска количка која ја употребувала затоа што преживеала сообраќајна несреќа.

– Ограбена сум. Мене парите веднаш ми се земени од луѓето кои беа со мене во банка. Веднаш потоа ми беа земени парите – рече Лилјана Тодоровска во телефонски разговор за ТВ Телма.

Целата информација на Телма на овој линк

SHARE