Бојан Јовановски е вратен во истражното одделение во затворот Шутка, каде ќе го чека утрешниот почеток на судењето за Рекет во Кривичниот суд Скопје.
Од Апелацискиот суд за „Фокус“ брифираат дека неизвесно е дали денеска ќе донесат одлука по барањето на одбраната на Боки 13 да биде пуштен во домашен притвор, бидејќи дел од членовите на советот денеска имале редовно судење.
Од Вишото јавно обвинителство уште во петокот до Апелација испратиле негативнно мислење на барањето на Бојан Јовановски кој бара укинување на притворот и замена за поблага мерка.
Јовановски, кој минатата недела беше хоспитализиран во Градскатга болница „8 Септември“ е вратен во Истражниот затвор во Шутка.