Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов дели дека денешната снимка е дел од однапред подготвено мрачно сценариои на сите мрачни сили биле впрегнати во поништување на правната држава и загрозување на евроатланските интеграции на Македонија.

„Христијан Мицковски, дублерот на Груевски и на фамилијата, кој со недели се обидува да инкриминира функционери од СДСМ, многу јасно и гласно го прашуваме: Дали погрешниот таргет на опозицијата е обид да ги прикрие сопствените траги?

Со кои двајца од луѓето кои се гледаат на снимките тој лично разговарал?

Кога се случиле ваквите разговори?

Во какви зделки е доколку разговарал со луѓето кои се гледаат на снимките?

Дали и што примил на рака?

Кој ги лиферувал снимките во италијанскиот медиум?

Го потсетуваме Христијан Мицковски и ДПМНЕ на зборовите на нивниот шеф: вистината е како шило, кога тогаш, ќе излезе на виделина.

Или тој ќе одговори на овие прашања, или одговорот со сигурност ќе стигне од друго место“, се закани Костадинов.