На денешното рочиште за „Рекет“, била презентирана комуникацијата на првообвинетиот Бојан Јовновски, со екс-премиерот Зоран Заев кон крајот на февруари минатата година.

Боки 13 за ова ја известил неговата мајка Јасмина, а скрин шотови беа презентирани денеска

Боки: Те молам да ме примиш. Твоето име никогаш не сум го злоупотребил и за се што сум знаел прво тебе сум ти пишувал. Јас сум ти пријател и другар не се служам со дворски игри па те молам да се видиме.

Зоран Заев: Ги видов доказите, огорчен сум и пред сериозни одлуки. Ова што се случува е грозно и јас како претседател на Владата, сум должен и ќе постапам.

Боки 13: Ви кажувам во име на познанството и меѓусебното почитување да ме примите. Никогаш не сум играл дупло, не сум го злоупотребил вашето име.

Зоран Заев : Ќе се видиме и ќе се соочиме. Ова е чист рекет. Јас ги видов доказите.

Истрагата за Рекет беше отворена на почеток на мај 2019 откако Камчев пријавил кај Заев.


SHARE