,,Боки Тредичи” урива рекорди, помина 500 илјади прегледи само на Јутјуб

Видеото објавено од италијанскиот весник Ла Верита (Вистина) во кое се гледаат Боки 13 и Зоки Кичеец како земаат 1 милион евра од Орце Камчев ги урна сите рекорди на гледаност за политички видео материјали.

Најслушаната бомба на Заев, во која се слушаше разговор меѓу Сашо Мијалков и новинарот Драган Павловиќ Латас имаше 388.000 прегледи на YouTube за цели три години.

Видеото за Рекетот на Боки 13 или Боки Тредичи за само 18 часа има над 500 илјади прегледи со што станува најгледаното македонско политичко видео на Јутјуб.

Според трендот на гледаност видеото кое интензивно се гледа во Македонија но и надвор, до утре може да ја надмине границата од 1 милион прегледи на Јутјуб.

Вкупната гледаност на видеото многу брзо во текот на вчерашниот ден надмина 1 милион ако се пресметаат прегледите на видеото кое беше реобјавено од стотина други традиционални медиуми и илјадници приватни лица на социјалните медиуми.

SHARE