Болтон: Ако биде реизбран, Трамп ќе ги повлече САД од НАТО

Поранешниот советник за национална безбедност на САД, Џон Болтон, смета дека Доналд Трамп, доколку биде реизбран за втор мандат, би можел да ги повлече Соединетите држави од НАТО.

Тој го изрази ова мислење во интервјуто објавено од германскиот весник „Ханделсблат“.

„Само мал број републиканци го одобруваат заминувањето од НАТО. Но, ако тој победи, таа бариера може да се надмине “, рече Болтон.

„Кој знае што ќе стори во вториот мандат?“ вели поранешниот помошник на претседателот на Соединетите држави. (БГНЕС)

SHARE