Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски со вистински проектил во мрежата на Вест Бромвич Албион учествуваше во триумфот на Лидс од 5:0 на гостувањето во Премиерлигата.

Левиот бек на новиот премиерлигаш со силен удар го погоди левиот дирек од противничкиот гол, од кој топката се одби во мрежата за водство од 2:0 на Лидс во 31. минута.

За популарниот Џани ова е втор првенствен погодок сезонава.

SHARE