Бомба во авион на белградскиот аеродром

Специјална  полициска екипа е испратена на блеградскиот аеродром по дојава дека е поставена бомба во еден од авионите , јавуваат белградски медиуми.

„Вечерње новости“ јавува дека  130 патници и пет членови на екипажот биле евакуирани од авионот на „Луфтханза“, кој утрово се подготвувал за лет до Франкфурт ова утро.

Веста ја потврди и РТС.

Од  аеродромот „Никола Тесла”, потврдиле дека утрово имале „вонредна ситуација“  “кога се подготвувала летот до Франкфурт”.

SHARE