Борбата за Македонија никогаш не запира – пишува Горан Момироски

Македонија деновиве ја доживеа својата наголема национална трагедија по Букурешкиот договор.

Македонија денеска е тема на влијателни европски медиуми кои прашуваат дали Северна Македонија воопшто има национален идентитет. Каков пораз и понижување.

За понижувањето кое ни го приреди власта во кое откако домашните некадарници создадоа терен чекавме грчките националисти да одлучуваат како ќе се нарекуваме, ќе суди историјата некогаш но и граѓаните веднаш.

Иако никој јавно не кажа која е опасноста која ја демне Македонија ако не го смени името јасно е дека земјата се соочувала со крв до колена. Нема друго образложение што може да го оправда ова предавство кон нашите претци, кон сегашните генерации и кон тие што ќе не наследат.

Не треба да се има дилеми дека Македонија како народ, идеја, како слободоумност минативе 15 месеци се бореше со најсилниот противник, се бореше со западната политичка елита и западната цивилизација кон кои се стремиме да се придружме и можеби затоа оваа разврска уште повеќе боли.

Не треба да се има заблуда дека имавме шанси да се бориме против овие сили кои преку своите вазали во македонската влада ги спроведоа своите регионални балкански идеи со глобален вкус.

И тука не треба никој да си ја удира главата затоа што не сторил доволно. Поделената Македонија без никаква реална поддршка од било кој светски фактор не можеше да го смени текот на историјата

За жал или за среќа битката за идентитет не е завршена, и она малку што остана од него ќе мора да се брани со сите средства. Бетонираниот идентитет каков што го прикажа владата е обична шарена лага која допрва ќе излезе на виделина.

Допрва ќе се води војната со последиците од Преспанскиот договор и промената на уставот со која Македонија стана виртуелна конфедерација.

Македонските граѓани етнички Македонци (колку и да звучи ова нелогично во една национална држава) ги очекуваат мачни обиди да го зачуваат својот идентитет како Македонци затоа што актуелните власти нема да им помогнат во таа битка.

Ги очекува катастрофална ситуација во која ќе се санкционира секој официјален претставник што ќе користи само Македонија без да каже дека е Северна. Замислете да се откажете од своето исконско право, од дедовина и татковина за да задоволите нечии лични интереси во Грција.

На надворешен план започнува битката да не бидеме Славомакедонци во Грција, Словени во Албанија, Бугарски Македонци во Бугарија, Северномакедонци во Србија, Nordmakedonien/Nordmazedonian во Германија и цела северна Европа …….

На внатрешен план ќе се бориме со радикализмот кај полиитчките структури кои бегајќи од реалност и политички и изборни порази ќе заминат во крајност со своите политички агенди, што може да биде почеток на крајот и на оваа осакатена Македонија во која нема веќе мнозинство и малцинство ниту во етничка ниту во политичка смисла. Има само политичко насилство кое многу лесно може да се претвори во реално насилство.

Со оглед на тоа што актуелните власти нема да сакаат да се грижат за своите национални интереси за да не ги налутат новите нви лични пријатели јасно е дека товарот ќе падне на веќе разочараните интелектуалци и дијаспората.

Македонија и Македонците во овие битки ќе го имаат на своја страна меѓународното право, толку многу пати прекршено токму во нашиот случај. Ќе го имаат и својот пркос и креативност, правдата и љубовта кон Македонија.

Битката започна, ќе има многу прилики сите што досега седеа настрана да ја исправат својата грешка. Претседателските избори се првата прилика секој што со нечинење или погрешни постапки го поддржаа осакатувањето на нацијата да се активираат за да се спаси тоа што остана од Македонија.

Битката за Македонија никогаш не запира. Особено не сега кога има многу повеќе Македонци од Северномакедонци.

SHARE

13 Коментари

    • Игор Јанев и Светски Македонски Конгрес Ти се ЗАБЛАГОДАРУВА за поддршката!

    • Ајде Еден колонизатор и асимилатор НАЗАД во твојата Бугарија! Доста со твојата пропаганда!
      Еден ти не си Македонец, си БУГАРИН!

  1. […] Извадок од Колумната под наслов “Борбата за Македонија никогаш не запира” од Горан Момировски објавена на порталот Експрес.мк […]

  2. Горан Момироски, како да те наречам? Ми се лутат што Ванковска и Каракамишева (и сличните) ги нарекувам „гуски“, а оние како Апасиев „тешки будали“. Како можам да те наречам тебе, кој пишуваш вакви глупости, освен како што го нарекувам Апасиев? Зошто си таков идиот да ги делиш Македонците на Македонци и „Северномакедонци“? Каде ти во договорот или во уставните измени си прочитал дека за нас пишува „Северномакедонци“? Или за тебе се подразбира ако државата се вика Република Северна Македонија, нејзините жители се „Северномакедонци“? Ако е така, тогаш дали жителите на Тринидат и Тобаго се Тринидатитобаговци, или оние од Сао Томе и Принсипе се Саотомеипринсиповци? Што се оние од Света Луција? Светилуцовци? Што се оние од Сент Китис и Невис? Дали оние од Маршалските Острови се Маршалскоостровци или само Маршали? А оние од Девичанските Острови се ДЕВИЦИ? Што се жителите на државата Брегот на Слоновата коска? Бреготнаслоноватакосковци? ШТО СЕ ГЛУПИРАШ Горан Момироски. Во договорот со Грција јасно стои дека ние жителите на Република Северна Македонија сме Македонци / граѓани на Република Северна Македонија, а НЕ Северномакедонци / граѓани на Република Северна Македонија. Кого сакаш да го лажеш? Себе си или читателите?

    • А што на тебе ти е важно ако не си Македонец, освем по државјанството? Ти еден си бугарче скапано и не си Македонец. А како и секој Бугарин ти оди во полза губење македонскиот идентитет, а со цел сите македонци да станат Бугари. Го славиш Н. Димитров, Бугарин како тебе, како Исус, а Заев бугарскиот вазал како Бог! Ти еден си едни валкано суштество кое има за цели: 1. Обезличување македонци; 2. бугаризација на македонци!
      СИ ПРОЧИТАН АГЕНТУ БУГАРСКИ!
      ПОЗДРАВИ ГО ДИМИТРОВ!

  3. Момироски, зошто упорно тресеш глупости? Крв до колена!? Каде го слушна тоа? На „Радио Милева“? Како можеше да бидеш толку наивен да не забележиш дека процесот на решавање на спорот со Грција ќе заврши вака како што заврши? Зарем не гледаше одлчност и кај Заев и кај Ципрас И КАЈ ЦЕЛО НАТО И ЕУ да се постигне договор? Каква крв до колена ако не се сменело името, КОГА БЕШЕ ЈАСНО ДЕКА ИМЕТО МОРА ДА СЕ СМЕНИ И ДА СЕ ПОСТИГНЕ ДОГОВОР, дека мора Заев да попушти за името и ерга омнес, а Ципрас за македонски јазик и националност -Македонец? Започнувала битката да не бидеме Славомакедонци во Грција? Знаеш ли ти како се нарекувало движењето на Македонците во Грција за време на Втората светска војна? СНОФ – Славјаномакедонски народно ослободителен фронт! Заеш ли како пишувало на прогласите што ги идавал СНОФ? Пишувало: СЛАВЈАНОМАКЕДОНСКИ НАРОДЕ! Или ти ќе ја менуваш историјата? Твојата глупост се гледа и во тоа што велиш дека треба да се бориме да не бидеме Северномакедонци во Србија, а самиот ти не` нарекуваш Северномакедонци! Кога ти, таков злонамерен каков што си, не` нарекуваш нас Македонците со „северномакедонци“, како ќе ги спречиш злонамерните во Албанија или во Бугарија да не` нарекуваат со погрдни имиња?

    • Бугарче, едно, Асимилацијата на Македонци, бугарче скапано и расипано, нема да ти успее!
      Никогаш!
      СЕ ГЛЕДА ДЕКА РАБОТИШ ЗА БУГАРСКАТА АГЕНДА! РАБОТИШ ЗА ПАРИ!

    • Аргументацијата на ЕДЕН губи на тежина со едноставен факт дека ТОЈ НЕ Е МАКЕДОНЕЦ! Работи за страна држава со агенда уништување Македонија, и тоа секој ден година дена наназад!
      Важно, ништо не му успе да не убеди дека ова е „природна состојба” и дека тој ЕДЕН не е антимакедонски елемент, туку „визионер”! Совет до ЕДЕН и мислење: СМЕШЕН СИ и ОТКАЧИ СЕ, веќе си провален! ОВДЕ НИКОГО НЕМА ДА УБЕДИШ! САМО СЕ БРУКАШ!

  4. ПРАШАЊЕ ДО ЕКСПРЕС, ЌЕ БЛОКИРАТЕ ЛИ ОВИЕ ГОЛЕМОБУГАРСКИ ПРОВОКАТОРИ И АСИМИЛАТОРИ.
    НА БУГАРИЈА ИМ ТРЕБА БРИШЕЊЕ ИДЕНТИТЕТОТ СО ЦЕЛ АСИМИЛАЦИЈАТА, ПА НАШЛЕ ЗАЕВ КОЈ РАБОТИ ЗА ПАРИ И ПРОДАВА ИДЕНТИТЕТОТ И Сѐ МАКЕДОНСКО!

    • СМК, џаба се трудиш, овој Еден е профи и не можеш да го навредиш, а и да го навредиш тој ќе настави да си одработува за пари што ги добија од „извори”. Сѐ додека не ја заврши „работата” еден ќе сее магла и провоцира. Патем, Еден е и психијатријски случај, така не вреди со него да се дискутира и губи време.

Оставете Коментар