Борис – Џонсон, Елцин, Трајковски, Тадиќ… политичари со „најбугарско“ име!?

Новиот британски премиер има бугарски име и турски потекло, пишува агенцијата БГНЕС која направи мало истражување на славните личности со името Борис кое имало бугарски корени.

Постојат две теории, од каде доаѓа името: Според едната доаѓа од зборот „барс“ што во превод на бугарски може да значи “тигран”, а според  друга од „бјори“ што означува – волк, пишува БГНЕС.

Првиот со ава име бил извесен кнез Борис-Михаил кој ја водел Бугарија од 852 до 889 година.

Следни на списокот се руските светци Борис и Глеб.

Борис Годунов е руски великодостоинственик од турско потекло (што во голема мерка го објаснува неговото бугарско име) кој кон крајот на 16 век станува руски цар ( 1598-1605 ).

По 500 години турско ропство,  Бугарија го добива првиот престолонаследник и  бугарски цар Борис III / 1918-1943 /.

Борис Елцин е првиот демократски претседател на Русија.

Борис Трајковски (1956- 2004) е втор претседател на Македонија и голем поборник за добрите бугарско-македонски односи, пишува БГНЕС.

На списокот на славни со ова име е и Борис Тадиќ претседател на Србија од 2004 до 2012 година.

Борис Тарасјок,советски и украински дипломат во периодот 1999 -2007.

Во Германија, името Борис не е многу популарно, но во последните неколку години има двајца  политичари со ова име -Борис Рајн од провинцијата Хесен и Борис Палмер, од партијата на „зелените“.

Борис Џонсон, новиот британски премиер, е новинарот Али Кемал, кој е еден од најактивните противници на војната за независност на Турција, извојувана пред сто години под раководство на Кемал Ататурк.

На почетокот на ХХ век Али Кемал емигрирал во Лондон, каде што во 1903 година,се оженил со англичанката Вилфрид Брун, но по 10 години се вратил во Турција каде поради своите ставови бил обесен на плоштадот во Измир во 1922 година.

Борис Џонсон е внук на синот на Али Кемал Осман, пишува БГНЕС.

SHARE