Британскиот премиер планира да поднесе оставка од функцијата премиер следната пролет, велат пратеници од неговата партија. Тие велат дека тој често се жалел дека не може да живее со премиерската плата од 150.402 фунти годишно, објави британски „Мирор“.

Сепак, ќе остане на Даунинг стрит 10 уште шест месеци за конечно да го реши Брегзит, но и да ја изнесе Велика Британија од ковид-пандемијата

За Борис Џонсон се зборува дека бил љубоморен на неговата претходничка Тереза ​​Меј, која заработила повеќе од 1 милион фунти од предавања иконсултации откако ја напушти премиерската функција минатата година. Тој верува дека би можел да заработи барем двојно повеќе, пишува „Мирор“.

Имено, пред да стане премиер тој заработил 160.000 фунти за еден месец од само два говори. Исто така, тој добивал 23.000 фунти месечно за колумна во весник.

Еден од замениците сподели: „Борис има шест деца… мора да и плати на неговата поранешна сопруга по развод.

Од другите поранешни премиери, Дејвид Камерон заработува по 120.000 фунти за говор, а Тони Блер веќе се стекнал со 22 милиони фунти од предавања и консултации.

SHARE