Борис Џонсон со влошена состојба ја минал ноќта на интензивна нега

Премиерот Борис Џонсон ја поминал ноќта на интензивна нега во лондонска болница, откако неговите симптоми на коронавирус се влошиле.

„Даунинг стрит“ соопшти дека бил преместен по совет на неговиот медицински тим и добива „одлична нега“, јави Би-Би-Си.

Џонсон побарал од секретарот за надворешни работи, Доминик Раб, да го менува „онаму каде што е потребно“, додаде портпаролот на премиерот.

Борис Џонсон (55) беше примен во болницата „Свети Томас“ во неделата вечер.

Според Бакингамската палата, кралицата била информирана за здравјето на премиерот.

Државници, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон, изразија поддршка за Џонсон.

Политичкиот дописник Крис Мејсон изјави дека на премиерот му бил даден кислород доцна во понеделникот попладне, пред да биде однесен на интензивна нега. Тој бил преместен како мерка за претпазливост, да биде близу до респиратор, јави дописникот.

Во вторникот наутро портпаролот на Владата, Мајкл Гов, изјави дека Џонсон не бил ставен на респиратор, како што јавија некои медиуми.




SHARE