Борис Стојменов: Не давам 1 милион мито (ВИДЕО)

Бизнисменот и ексминистер Борис Стојменов обвини дека Општина Центар му бара еден милон евра мито за да продолжи да го гради хотелот за кој 4 години има целосна документација и рече дека ќе се спротивстави.

Тој ова го изјави за ТВ21 по инцидентот што се случил утрово на градилиштето на ТЦЦ „Плаза“.

– Четири години со платени комуналии, платено се, не може да градиме затоа што бараат милион евра мито. Не им давам мито – порача Стојменов.

Инспектори заедно со полицијата интервенирале на градилиштето за да ја стопираат градбата на објектот.

Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ на Фејсбук информира дека инвеститорот не поседува одобрение за градење.

SHARE