Борисов благодарен на Пендаровски за изјавата дека Бугарија ја извлекла Македонија од изолација (ВИДЕО)

Бугарскиот премиер Бојко Борисов се заблагодари на изјавата на македонскиот претседател Стево Пендаровски во интервјуто за БГНЕС во кое Пендаровски вели дека Бугарија помогнала за извлекување на Македонија од меѓународна излолација.

Според Борисов, оценката на Пендаровски за политиката на Софија кон Скопје е како да се добие највисока оценка од „Стандард и Пурс”. (Агенцијата „Стандард и Пурс” деновиве го подигна кредитниот рејтинг на Бугарија, кој во моментов е највисок меѓу балканските земји – н.з.).

„Тоа, да ѝ помогнеш на една наша соседна држава, и самиот претседател да признае дека ги извлековме од изолација, е затоа што направивме огромен напор за ова.

Сакам да му се заблагодарам на Пендаровски преку БГНЕС за тоа го кажа“, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.

SHARE