Борисов: Грешка е што реков северномакедонци

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов денеска се извини што ги нарече граѓаните на земјава „северномакедонци“.

„Моја грешка е што реков северномакедонци, извинете, граѓани на Република на Северна Македонија простете, но несакајќи тоа го кажав и беше претставено како да сакам некого да убијам. Ако ова вака продолжи ќе ни се смеат во Европа – рече Борисов, на заедничката прес конференција во Владата со премиерот, Зоран Заев,

Запрашан дали Бугарија ќе го стави под прашање зачленувањето на Македонија во ЕУ, Борисов категоричен:

„Не би сакал да мислам дека е можно да се дојде до такво прашање, по сите напори што ги направивме. Недопустливо е да дојде ситуација да кренам рака против Република Северна Македонија.

Затоа нудам и на колегата Заев секојдневно да работат експертските комисии за да се унапредува тој процес. Зоран е свесен сум се борел со Германија и Франција да се помогне на Македонија, и да допуштиме да биде земјава блокирана, тоа не го дозволувам ни како помисла“, рече бугарскиот премиер.