Борисов и Заев решаваат историски спорови, а бизнисот трпи

Бугарските бизнисмени незадоволни од средбите меѓу премиерите на Бугарија и Македонија.

И на уште една средба меѓу Борисов и Зоран Заев не е решено ништо за зајакнување на трговските и економските односи меѓу двете држави, оценува претседателот на Бугарско-македонската трговска комора, Пламен Павлов.

„Или историчарите и политичарите ја спречуваат блиската трговска и економска соработка помеѓу Бугарија и Северна Македонија или бизнисот заостанува“, вели тој.

Спорот околу припадноста на еден или на друг историски херој е беспредметен и создава ѕид помеѓу двете соседни земји, вели Павлов.

„Трговската размена меѓу Бугарија и Северна Македонија се влоши во првата половина на 2019 година. Имаме намалување на извозот од 1,6 отсто во однос на минатата година. Исто така, имаме пад на увозот од 20 проценти “, вели Павлов.

SHARE