Премиерот на Македонија и Бугарија Зоран Заев и Бојко Борисов,  денес ќе учествуваат на свеченото откривање на реставрираниот споменик на бугарскиот полковник Константин Каварналиев во Дојран.

Полковник Каварналиев, роден во бугарскиот град Шумен во 1866 загинал, како што јавуваат бугарски медиуми,  „при спасување  на илјадници цивилни Бугари кои бегале од Грците“ за време на Балканската војна во на 23 јуни 1913 година.

Бојко Борисов во придружба на шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева утрово пристигна во Скопје.

Предвидена е средба на двајцата премиери на која ќе биде одбележана 2 годишнината од потпишувањето на Договорот за добрососедство потпишан на 1 август 2017 година.

Предвидено е Борисов да се сретне и со претседателот Стево Пендаровски.

Заев и Борисов ќе се поклонат пред саркофагот на Гоце Делчев во Цквата С. Спас, но бугарскиот премиер по повод празникот Илинден“, нема да оди на Мечкин Камен туку ќе продолжи за Дојран.

SHARE