Премиерот Бојко Борисов изјави дека неговата партија ГЕРБ веќе одговорила многу добро на обвинувањата на Корнелија Нинова во врска со изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев за Илинденското востание / 1903 /.

Нинова, лидер на бугарските социјалисти (БСП) бараше премиерот Борисов да изреагира на зборовите на премиерот Заев дека „Ииинденското востание е македонско“, но тој молчел.

„Историчарите можат да објаснат како настанало, каде се одржа. Одговоривме добро преку вицепремиерот Захариева“, рече Борисов.

„Во Благоевград заедно го прославивме празникот на Илинденско-преображенското востание, положивме венци, што повеќе сакате? “, рече тој и додаде дека тој настан е одбележан како што било договорено со Договорот за пријателство и добрососедство, кој беше потпишан точно пред една година на 1 август 2017 година, пренесе БГНЕС.

Според Борисов, секој мора да ги мери неговите приказни… и додаде дека кога ќе дојде време, Бугарија да го изнесе своето мислење за пристапување на Македонија кон ЕУ, ќе се потсетиме на овие зборови и ќе донесе одлука.

„Без разлика дали е кажано намерно или не, одговорноста е на оној кој го изјавил“ рече тој и додаде дека кога ќе дојде време Бугарија да го искаже своето мислење за пристапување на Македонија кон ЕУ, ќе се сети овие зборови и ќе донесе одлука, додаде бугарскиот премиер, пренесува БГНЕС.

И вицепремиерот Красимир Каракачано, вчерав побара реакција на бугарското МНР по повод изјавата на Зоран Заев дека Илинденското востание е македонско.

 

Каракачанов му препорача на Заев да чита историја