Бугарскиот премиер Бојко Борисов во Брисел изјави дека Македонците мора да созреат за да добијат датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

„Тие имаат многу нешта да поправат. Немојте да ме разберете погрешно,. но додека но додека се спори дали Гоце Делчев е Бугарин  или Македонец – такви ситни приказни за некои херои кои очигледно биле и за  Бугарија и за Македонија, за родниот крај, а нашите најдобри песни се поврзани со нив … И опозицијата постојано да ме прашува што прави комисијата … Нека зреат“, рече Борисов, пренесува БГНЕС.

„Не можам да си го дозволам тоа – Бугарија направи сè, и тие беа исфрени до небо. Сега тие мора да направат компромис во Комисијата и со антибугарска реторика “, додал Борисов.

SHARE