Заменик-премиерот на Руската Федерација вели дека хиперсоничниот ракетен систем  „Авангард“ кој вчера беше тестиран е недопирлив за пресретнувачите.

За руската национална телевизија Јуриј Борисов изјави дека системот е 27 пати побрз од брзината на звукот.

Како што додаде, овој систем „во суштина ја прави ракетната одбрана бескорисна“, објави АП.

Кремљ вчера соопшти дека системот на Авангард, кој може да носи нуклеарни и конвенционални боеви глави, бил успешно тестиран и дека на тестот присуствувал и рускиот претседател.

Во март Путин најави ново оружје кое, како што рече, може да го погоди било кое место во светот и да го избегне американскиот ракетен штит.

SHARE

2 Коментари

  1. каде да се праша за цена на:::
    “Еден“ (НЕ шарен лубрикант) проектил со 3-4 боеви глави (во зависност дали ќе треба 3 или 4 inkvizitori на меџународната заебанција)?????

    А сега до шарениот квисли-лубрикант ‘Еден’: дали увезените лубриканти ќе ви ги ублажуваат болките од „Авангард“?

Comments are closed.