Бојко Борисов очекува дека работата на заедничката мултидисциплинарна комисија меѓу Бугарија и Македнија ќе продолжи во конструктивен дух и нема да биде засегната од политичката состојба во с. Македонија, соопштија од Кабинетот на бугарскиот премиер по средбата со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров во Давос.

Министерот Димитров, кој учествува на светскиот економски форум што се одржува во Давос, Швајцарија, имал куса средба со премиерот на Бугарија Бојко Борисов, на која се разговарало за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка во контекст на градењето пријателство врз основа на заемно разбирање и почит кон грижите на соседот.

Премиерот Борисов уште еднаш ја потврди поддршката на Бугарија за почеток на пристапните преговори со ЕУ, пишува во соопштението, соопштија од МНР.

SHARE