Бугарскиот премиер Бојко Борисов по заседанието на Европскиот совет со лидерите на држави и влади од ЕУ ја повтори поддршката за членството на Македонија во Европската унија, но и уште еднаш нагласи оти таа поддршка е условена.

„Отсекогаш сум бил за тоа да им се даде пат и шанса на Северна Македонија и на Албанија за членство во ЕУ“, изјави тој, пред да дообјасни дека во случајот со западниот сосед на Бугарија условот е решавање на историските спорови.

„Треба да знаат дека не отстапуваме од тоа што сме се договориле – сè додека не се најде решение што е задоволително за Бугарија, имаме многу инструменти за да го запреме нивниот пат“, нагласи Борисов.

SHARE