Бугарија е постојана во поддршката за европската перспектива на земјите од Западниот Балкан со оглед дека процесот на присоединување е клучен двигател за реформи и стабилност во регионот. Бугарија ја поздравува и поддржува препораката на ЕК за започнување на претпристапните преговори како со Република Северна Македонија, така и со Албанија, напиша денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов на Фејсбук.

Но истовремено предупреди:

„Во исто време, Бугарија не треба да дозволи интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ да биде придружена со европско легитимирање на анти-бугарска идеологија спонзорирана од државата“, пишува бугарскиот премиер по денешната седница на бугарската влада.

https://www.facebook.com/boyko.borissov.7/posts/2550461011848620