Борисов пред „Илинден“ доаѓа во Скопје

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, на 1 август и во пресрет на празникот „Илиден“ ќе допатува во Скопје каде со македонскиот колега ќе положат венец и ќе се поклонат на гровот на Гоце Делчев во Црквата Св. Спас.

Посетата коинцидира и со двегодишнината од потпишувањето за Договорот за добрососедство потпишан на 1 август 2017.

Борисов нема да присуствува на прославата на Мечкин Камен, на 2 август. Посетата ќе ја продолжи во Дојран каде што се наоѓа обновениот споменик на Константин Каварналиев.

Борисов и минатата година беше на одбележување на празникот ден претходно.

SHARE