Борисов за Радев: Тој за мене не е претседател

Со претседателот Румен Радев, немаме доприрна точка, освен бесмислените консултативни средби, каде што досега ништо не било решено, одговори експресно бугарскиот премиер Бојко Борисов по обраќањето на шефот на државата кој соопшти дека изгубил доверба во владата.

Ова е директно мешање во независноста на владата, оцени Борисов, како што пренесуваат бугарски медиуми.

„Во декември реков дека тој не е претседател за мене, туку разбивач на нацијата. Тој го зборува за она што го велат БСП и МРФ“, рече Борисов според кој однесувањето на Радев не било државничко.

SHARE