Борјан Јовановски: Макрон го уби идеалот на цели генерации, кои во Заев видоа надеж за европска Македонија

Новинарот Борјан Јовановски за бугарски „Капитал“ ја коментира блокадата за старт на преговори на Македонија за членство во Европска унија.

„Нема сомневање дека одлуката на Европскиот совет е удар за Владата на Заев. Однесувањето на францускиот претседател Емануел Макрон е убиство на идеалот на цели генерации во земјата, кои во политиката на Заев видоа надеж дека конечно ќе им се оствари мечтата за европска Македонија“, изјави Јовановски.

„По тоа што се случи, Делегацијата на ЕУ во Скопје ја добива тежината на амбасадата, на пример, на Австралија. Имиџот на ЕУ е во кома, а Владата на Заев очигледно почнува сите свои карти да ги става на Вашингтон“, додава тој.

На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ успеала да се ослободи од „мрачната сенка на Груевски“, новинарот близок до актуелната власт со одговор: „Исправена пред избори, ВМРО-ДПМНЕ е исправена и пред своето блиско минато и наследството на Груевски, од кое, за жал, уште не може да се ослободи. Ќе биде интересно како ВМРО-ДПМНЕ ќе ги состави своите листи. Груевски ќе настојува во Парламентот да бидат неговите лојални луѓе, а ‘разумот’ во партијата знае дека со фаворитите на Груевски шансите за победа се намалуваат“.

SHARE