Иако без да го спомне, новинарот Борјан Јовановски (ин)директно се стави во одбрана на премиерот Зоран Заев по лавината реакции во македонската јавност за изјавата околу историјата во интервјуто за грчката телевизија Алфа, што разгневи многумина на Твитер.

„Бев убеден дека мнозинството од нас веруваше дека ‘антиквизацијата’ е фалсификат“, твитна Јовановски, а под твитот ги доби следните реакции:

„Мораш ли да ја браниш секоја глупост на Заев?“;

„Сè уште сум убеден дека повеќето од вас се рекетари. Куќата ја продадовте“;

„Јас се прашувам кога со цевче во уста ќе ни демонстрирате нуркање во Дунав за да ја докажете теоријата како сме го препливале Дунав… или се чека грант и наредба од амбасада“;

„Тоа, сепак, не го оправдува премиерот да говори јавно сè што ќе му падне на памет. Ако не знае да се служи со политички речник, нека не се занимава со политика“;

„Ти добро знаеш дека АНТИКВИЗАЦИЈАТА преку СКОПЈЕ 2014 е проект од далечната 1979 г., АМА СИ МОЛЧИШ И ТО УПОРНО“;

„Подобро антиквизација отколку рекетизација“;

„Зависи од кое мнозинството, од македонскиот народ сигурно не“.

SHARE