Борјан Јовановски со совет до француската дипломатија

Новинарот Борјан Јовановски преку Твитер ја советува дипломатијата на Франција, која денеска опстои на своето противење за почеток на преговори со Македонија и со Албанија за членство во Европска унија.

„Француската дипломатија мора да биде свесна за грешките направени за време на кризата во поранешна Југославија при донесување на одлуки за чувствителни прашања на Балканот“, твитна на француски јазик долгогодишниот водител на ТВ-магазинот „Еврозум“ и новинар близок до актуелната власт во Македонија.

SHARE