Борко Ристовски по изјавата на Шилегов за „Вардар“: Брука!

Голманот на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски жестоко реагираше на изјавата на првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов, кој во емисија на ТВ 21 рече дека  во моментов нема 2 милиони евра да се затвори долгот кон Вардар  

Градоначалникот на Скопје, гостуваше во ТВ 21 во емисијата Клик Плус, прашан да му се помогне на Вардар изјави :

„Во овој момент Вардар односно сопственикот е должен 2 милиони евра, плати и слично, секој добар совет што ќе значи влез од 2 милиони евра во касата на Вардар јас ќе го прифатам, ако вие имате начин да ми кажете како да му помогнеме на Самсоненко и на Вардар јас ќе прифатам, најдете пари да му помогнеме“ – изјави Шилегов.

Ристовски на Инстаграм постираше фото со кратка и жестока реакција:

SHARE