Борут Пахор во дводневна посета на Македонија

Словенечкиот претседател Борут Пахор, денеска допатува во официјална дводневна посета на Република Македонија.

Тој беше пречекан со највисоки почести од македонскиот колега Стево Пендаровски на церемонија пред вила „Водно“.

Во рамки на посетата, покрај тет-а-тет средбата меѓу претседателот Пендаровски и претседателот Пахор, се одржува и пленарен состанок на македонската и словенечката официјална делегација.

Двајцата претседатели ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас.

SHARE