Босна нема да ја окупира Месечината!?



Со документ ратификуван вчера на седницата на парламентарнтот во Сараево, Босна и Херцеговина се обврза дека нема да ја окупира месечината или другите небесни тела, пренесува Н1..
Се работги за Дооговор за принципите што ги регулираат активностите на земјата во истражување и користење на вселената, вклучително и на месечината и другите небесни тела.
Со Договорот БиХ се обврза и да не користи нуклеарно оружје во вселената.
Се работи за меѓународен договор, а некои парламентарци велат дека не е приоритет, но мора да се усвои заради усогласување со европските принципи.

„Додека БиХ губи огромен број луѓе, испраќаме најсвежа работна сила во Европа, ние се справуваме со вселенски проблеми што апсолутно не не засегаат, но мора да бидат усогласени со некои европски принципи“, вели пратеникот Семсудин Мехмедовиќ, од Партијата за демократска акција (СДА).
„Правилата за употреба на вселенските ресурси би можеле да почекаат, барем додека не бидат решени земните“, рече Мирко Саровиќ, член на Српската демократска партија (СДС) во Собранието на Босна и Херцеговина, за Радио Слободна Европа (РСЕ).

SHARE