Босна ни го сака премиерот – како Заев се заблагодари (ВИДЕО)

Според владата Заев ја добил највисоката награда во Сараево “Европска личност на годината за менаџери”, но не се кажува највисока на што и во каква конкуренција.

Остана нејасно дали Заев ја добил наградата како бизнис менаџер или како менаџер на Македонија.

Годинава му била трета по ред, рече на церемонијата и солидарно ја подели со сите премиери во регионот.

Како се заблагодари премиерот кој се надева дека го сакаат и босанските политичари и граѓаните на БиХ?