Божин Павловски: Размисли Заев пред да отвориш уста!

„Господине Заев, за ова што си го изјавил пред грчкиот телевизиски аудиториум во држава што поседува изградени политички критериуми би морал да се засрамиш – му порача академикот Божин Павловски на премиерот Зоран Заев во врска со скандалозната изјава за грчка ТВ „Алфа“.

„99 проценти од македонската наука, култура и уметност е беспрекорно коректна кон сите свои соседи. Доказ се над 70 илјади наслови на книги и публикации во нашите библиотеки и архиви. Зошто толку лаички и смртно опасно го поткопуваш нашиот духовен живот?

Твоето површно гледање на работите може да го разори целиот образовен систем, кој и без тоа минува низ криза. Размислувај пред да отвориш уста, те молам“.

SHARE