„Давањето самостојност на Украинската црква e поддршка на евроатлантската ориентација на земјата, а по тој пат оди и МПЦ-Охридска архиепископија и државата Македонија“.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј итро ја искористи оваа ситуација’, пишува  Иван Николов, новинар, публицист и издавач кој им замера на бугарските архереи дека го промашиле моментумот да дејствуваат посериозно околу барањето на МПЦ до БПЦ околу ланското барањо како „мајка-црква“ да помогне околу признавањето македонскта православна црква.

„Лекција или шлаканица за Бугарската Православна Црква е одлуката на васеленските архиепископи од 1-3 септември 2018 година? Лекција е бидејќи покажува на БПЦ како таа дејствува во одредени ситуации и истовремено шамар, „чија звучност ја разобличува неволноста и неактивноста на рховниот бугарски Клер. Таа (БПЦ-н.з.)  го пропушти моментот кога беше должна да ја прифати Македонската црква во егзархиска прегратка“, констатира  Николов.

Тој уште прозива:

„Зошто, вие, високи бугарски свештеници не се појавивте во Охрид на 1000-годишнината од Охридската архиепископија за да ја потврдите нејзината својата вистинска природа? Зошто вие, високи бугарски државници, не го разбирате значењето на сопственото присуство на овие прослави? Зошто доброволно станавте публика …“вели Николов.

„Лекцијата и шлаканицата се за сите нас“, вели Иван Николов, во текст за БГНЕС.

Бугарската „црква-мајка“ ја одби МПЦ за 1.000 години Охридска архиепископија