БПЦ „ладна“ кон посетата на Папата Франциско на Бугарија

Посетата на поглаварот на Римокатоличката црква на Бугарија заврши со состанок на кој биле припадници на различни верски заедници во Бугарија, но не и претставници на Бугарската православна црква.

Од БПЦ претходно соопштија дека нема да учествува на ниту еден настан на кој ќе биде папата во текот на дводневната посета на Бугарија иако нејзиниот лидер патријархот Неофит го поздрави папата по неговото пристигнување.

SHARE