Брат му на Миле Паника до Заев: Правдата е поважна од ЕУ и НАТО

Влатко Огњановски, брат на Миле Паника кој беше силен поддржувач на Шарената Револуција и противник на власта на Груевски го има статусот на неделата:

“Во 2016 година излеговме да протестираме после амнестијата на Хорхе. Зборевме дека е фикус, дека нема свое јас, дека е марионета, дека го држат за јајца, итн. Пред недела дена имаше една амнестија, а се крчка уште една, уште погадна од претходната, преку шибицарска измена на кривичниот законик – со намалување на должината на затворските казни за одредени дела, да се дозволи застарување на дел од делата што ги гони СЈО. Истиот оној потез што летоска го предложи Мицковски. И сеа што е разликата од амнестијата на Хорхе и предлозите на Жмицко??? Која е разликата помеѓу нив и Заев? Има ли разлика воопшто? Сега Заев не е фикус, не го држат за јајца, има свое јас? Си ги погази сите ветувања што ги даде! Ама сеа никој не спомиња протести! Дочекавме Жмицко да зборува за владеење на правото. Која иронија!

Искочи дека Заев тогаш беше против амнестиите, за сега да ги добијат од него. Не од друг, од него. За да мораат да се пазарат со него, а не со друг. Причината за тогашните амнестии веројатно била друга, ама резултатот е ист – група криминалци што ни ја заробија и покрадоа државата, што нанесоа неповратна штета на генерации Македонци, нема да си лежат. Со тоа сите слогани на Шарената револуција – Нема правда нема мир, Ќе си лежите, Вратете ги парите (да не зборам за Шутка не ти бега Никола) се помножија со нула. Арам!

Јас лично ептен многу сакам во ЕУ и НАТО. Ама по оваа цена не. Да ми извини Заев, ама правдата и владеењето на правото се поважни од членството во ЕУ и НАТО. Тие се предуслов. Џабе НАТО, џабе ЕУ ако во тоа име ги погазиме сите вредности на истите тие институции! Џабе!

And that’s all I have to say about that (Forrest Gump).”

SHARE

4 Коментари

  1. Со песната „ Шо мислеше, Шо правеше, Шо мислеш к’ се онадешееееее…“ на сите Паници, Цацковци, Зорани, Жмицки, Пизки и друг вид на шарено квислиншки лубриканти им посакувам брзо заминување на службен пат во Идризово или на ѓубриштето (секој на своето)!!!

    Не е тајна дека секој добива според заслугите, и овој човечки изрод погоре спомнат ќе добие, би ми било драго да го видам тоа ама и ако не бидне заслуженото не им бега кога тогаш.

    Види мајката токмакот сакал во НАТО и ЕУ, и без мува да го лази тоа го изјавува јавно, значи за Македонија му е како и до ланскиот снег, важно било неговите и тој да имал што да жд*ре и с*ре, а во тоа друштво ќе влезе ама како корисен идиот и ќе биде на менито, канибализмот не е од вчера, исто како и овој нашиот пациент Еден, му смета “федерализација“ (не били граматички исправно требало федерација) а не му смета северна Македонија… е да ми е да знам на што сте, мора да ви е се потаман.

  2. Влатко, запалена главо! Сакаш во НАТО и ЕУ, ама сакаш тие што треба да гласаат за да влеземе во НАТО и ЕУ да одат во затвор? А знаеш ли дека ако не влеземе во НАТО и ЕУ и тие нема да одат во затвор, т.е. ќе бидат ослободени од затвор? Знаеш ли дека ако не влеземе во НАТО и ЕУ од Македонија ништо не ќе остане? Знаеш ли дека Албанците ќе си тргнат по свој пат, а во тие превирања што ќе настанат, ќе му се отвори пат на ВМРО-ДПМНЕ и сите други ретроградни сили да дојдат на власт? Па тие ќе ги ослободат од затвор тие што сега ќе одат во затвор, ако не влеземе во НАТО и ЕУ. Што сакаш ти? Тие сега да одат во затвор, да не влеземе во НАТО и ЕУ, да настанат немири во кои ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт и ќе ги ослободи од затвор? Тоа го сакаш? Така ќе биде – ни во НАТО и ЕУ, ни тие во затвор! ТОА ГО САКАШ? Што да правиме кога во Македонија имаме таков гнасен товар како што е ВМРО-ДПМНЕ. Поради нив, Македонија мора да претрпи големи понижувања.

  3. Му била заробена државата па тој ја ослободил!? А што донесовте на власт бе, кој дел не ви беше јасен кога се глупиравте? Толку ли бевте плитки во тоа главите?

  4. Sto si baravte toa dobivte ! ….. i sea uzivjte ! Eden daj olabavi malce ! Ni DP$NE nema da dojde povtorno na vlast just relax mavni z’ta i sanjaj eu-nato-zlocinacka !….cat-pat podzirnuvaj levo-desno-gote-dole nekoj surtuk ot buturistan da ne ti doe zaedno za nova godina !ne ke mojs vrato da so mrdnis! 😉

Comments are closed.