„Тој си е фамилијарен човек, јас стварно не знам. Го барав, не ми се јави“ бил одговорот на пратеничката Мира Стојчевска на прашањето во врска со нејзиниот брат кој од вчера е вработен во РЕК „Битола“, пренесе А1Он.

Случајност или не, вчера во ЕЛЕМ се вработил и синот на Стојчевска, а пратеничката, по бурата која се подигна на социјалните мрежи и прозивките од опозицијата изјави дека нејзиниот син не ја ни информирал дека аплицира за работа во таа компанија.