Бразил ќе ги лечи болните од Ковид-19 со лек против маларија

Во Бразил, во последните 24 часа се регистрирани речиси 20.000 нови случаи на инфекција со коронавирус, што е рекорден број случаи во еден ден во оваа земја.

Пријавени се и 888 нови смртни случаи, објави Министерството за здравство, пренесува Ројтерс.

Инфицирани се вкупно 291.579 лица, а скоро 19.000 луѓе починале.

Администрацијата на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро во средата ја одобри употребата на хлорокин, лек против маларија што го промовираше американскиот претседател Доналд Трамп како терапија за ковид-19.

SHARE