Бразилците не го даваат екс-претседателот Лула (ВИДЕО)

Федералната полиција во Бразил го одложи апсењето поранешниот претседател Лула да Силва кој, опкружен со стотици негови поддржувачи, престојуваше во главниот штаб на синдикатот на металските работници во моментите кога истекуваше рокот да замине на отслужување на 12 годишна казна затвор за наводна корупција.

Еден од најпопуларните политички личности во Бразил, Да Силва, беше осуден за перење пари и пасивна корупција во јули минатата година и беше осуден на девет години зад решетки. Апелациониот суд во јануари ја потврди пресудата на Лула и судот ја зголеми казната на 12 години.

За Бразилците, социјалистичкиот екс-претседател кој ја водеше земјата од 2003 до 2011 година е човек кој преку две социјални програми од сиромаштија извлече 50 милиони сограѓани.

Во 2010 година од магазинот „Тајм“ тој беше прогласен за еден од највлијателните личности во светот.

 

SHARE