Брисел „окупиран“ од руски и кинески шпиони

Безбедносни служби во Брисел ги предупредуваат дипломатите да избегуваат одредени места околу институциите на ЕУ, бидејќи градот бил преполн со руски и кинески шпиони.

Според Одделот за внатрешна безбедност на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), „околу 250 кинески и 200 руски шпиони работат во главниот град на ЕУ“, оценуваат европски дипломати за германскиот весник „Ди Велт“.
Според сознанијата, руските и кинеските разузнавач персонал главно работат во амбасадите и трговските канцеларии на нивните земји во Брисел.
Јавна тајна е дека аташеата кои ги придружуваат дипломатите од „трети земји“ најчесто се тајни агенти.
Покрај руските и кинеските, посебно активни се и агентите од САД и Мароко пишува германскиот весник.

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар