Брисел против 5G мрежата: Нема да бидеме заморчиња!

Брисел го суспендира воведувањето на 5G технологијата низ целата земја поради понетцијални „здравствени проблеми” од потенцијално опасните нивоа на зрачење што се емитираат од антените.

„Не можеме да воведеме таква технологија ако не ги почитуваме стандардите на зрачењето кои мора да ги штити граѓаните”, рече министерот за животна средина Селин Фримал (CDH). “Луѓето од Брисел не се заморчиња чие здравје можат да го продадат за профит. Ништо не можеме да оставиме на сомнежи.”

Пилот-проектот не е изводлив со сегашните стандарди на зрачења, а Фримал изјави дека нема намера да направи исклучок, пишува Brussettimes.

Регионот Брисел има особено строги стандарди за радијација за телекомуникациски апликации. Стандардот од 6 волти по метар веќе доведе до проблеми и кај мобилниот интернет преку 4G мрежата во главниот град на Белгија.

„ Следната влада која доаѓа на власт ќе се позанимава со овој предлог, рече министерот за телекомуникации“, Филип де Бејкер според кој следната влада ќе пресуди против воведувањето на 5G мрежата.

Повеќе од 200 научници и лекари потпишаа петиција со кја се бара мораториум за инсталирање на 5G мрежната технологија поради биолошки и еколошки ризици, а телекомуникациската индустрија дури не може ниту да докаже дека е безбедна.

На почетокот на април, Владата го усвои националниот оперативен бродбенд-план за пристап до побрзи и подобри интернет-услуги во согласност со стандардите на ЕУ.