Британија бега од ЕУ, милијардите бегаат од Британија

Се оценува дека најмалку илјада милијарди долари, односно околу 10 отсто од вкупниот имот на британскиот банкарски сектор, 220 банки и финансиски фирми се иселиле од Островот во Европската унија од изгласувањето на Брегзит, во јуни 2016 година, пишува „Блумберг“.

Во очекување на „разводот“ меѓу Велика Британија и ЕУ , закажан за 31 октомври, бегањето на финансискиот капитал од неприкосновениот банкарскофинансиски центар на Европа – Лондон, деновиве само за забрзува, јави „Блумберг“.

Само минатиот месец водечките светски осигурителни друштва со седиште во Сити ( банкарскиот дел на Лондон) во Даблин, Луксембург, Франкфурт и Париз префрлиле бизнис вреден 75 милијарди долари.

SHARE