Британија: Палат столбови со 5G антени во страв од коронавирус

Огромен столб на кој имало 5G антена бил запален во подметнат пожар во Бирмингем, велика Британија.

Пожарникарите цели два часа се справувале со пожарот, во кој целосно бил уништрен 21.метарскиот столб, јави „Дејли стар“.

Очевидци тврдат дека пожарот бил подметнат од луѓе кои „не сакаат 5Г во околината“.

Столбови за мобилна телефонија биле запалени и во Спархил и Мелинг, јави Би-би-си.

Имало и малтретирање на инженери поради неосновани теории за поврзаноста на коронавирусот со мрежата 5G, соопштија британските провајдери за мобилни телефони.

Откако на социјалните мрежи беа објавени фотографии од столбовите во пожарот, провајдерите истакнаа дека ширењето на ваквите гласини е „вознемирувачки“.

Фејсбук вчера избриша страница со која се прикажани фотографии од заробени кули со технологија 5G, охрабрувајќи ги другите да го сторат истото.

SHARE