Британската амбасадорка оди во Струмица, ќе го посети ли „на Мирчо бишкарнико“?

Откако на Твитер најави дека за една недела ќе ја посети Струмица и фабриката за мастика Грозд британската амбасадорка во Скопје Рејчел Галовеј доби низа интересни коментари.

Меѓу предлозите што да прави во Струмица е и оној за посета на локацијата “На Мирчо Бишкарнико” односно на свињарникот на Мирчо кого лидерот на СДСМ Заев го споменува во објавените ПИ мерки за случајот “Поткуп”.

Заев беше ослободен за случајот во кој сите видоа и слушнаа како бара едно евро за неговиот брат Вице како услов за добивање документи за градба од општината Струмица што тогаш ја водеше.

SHARE