Британските пратеници се должни да спречат „национално самоубиство“

„Парламентарците имаат одредени должности и една од нив е да ги спречат луѓето да направат национално самоубиство.

Брегзит без договор е токму тоа и не може да им се спротистави на нашите забелешки“, изјави Доминик Грив, од британската Конзервативната партија, и дел од парламентарнта група која се залага парламентот да ја преземе улогата од премиерката Тереза Меј во врска со напуштањето на ЕУ.

Премиерката Меј во пресрет на гласањето во вторник вели дека неприфаќањето на нејзиниот план за „брегзит“ би било катастрофално за Британија.

Споменатата парламентарна група најави дека ќе бара нов референдум за напуштање на ЕУ кога договорот на Меј ќе падне во парламентот.

„Кога договорот на премиерката ќе биде поразен што друго би можеле да и понудиме на британската јавност, што би имало некаква доследност, освен да се вратиме назад и да ги прашаме граѓаните да ја преиспитаат својата одлука“, предлага Грив.

SHARE