Брнабиќ со партнерката на „Парада на гордоста“

Српската премиерка Ана Брнабиќ ја поддржа овогодинешната Парада на гордоста во Белград и на собирањето кај „Славија“ се појави со својата партнерка Милица Ѓурѓевиќ.

„Сакам да му се заблагодарам на целиот тим за организацијата. Мислам дека повторно се испраќа порака за мир и толеранција кои во Србија мора да ги чуваме. Мислам дека тргнавме во вистинска насока, а ‘Прајд’ служи за подигнување на свеста. Мене ми е важно денеска да зборуваме за европските прави и ЛГБТ заедницата, политички да не се делиме кога се во прашање човековите права. Секоја година станува се полесно, а тоа е кога добивате Влада која ќе обезбеди сите да имаат исти услови“, рече Брнабиќ.

SHARE