Бродиќ: Каде Тозија ќе ја слави победата на ХДЗ – во Реметинeц или во Шуто Оризари?

Хрватскиот новинар Иван Бродиќ со отровна стрела кон Горјан Тозија по изборниот триумф на ХДЗ, која директорот на македонската Агенција за филм во преписки на социјалните мрежи ја нарече „фашистичка партија“.

„#КакваЕОвааСитуација Каде #ГорјанТозија ќе ја слави победата на @ХДЗ_ХР Во Реметинeц или во Шуто Оризари? #ПрашувамЗаРоднина“, објави Бродиќ на Твитер, мислејќи на затворите во Загреб и во Скопје.

Во своите коментари Тозија ѝ залепи етикета „фашистичка“ и на хрватската Влада предводена од ХДЗ, а за старо-новиот премиер Андреј Пленковиќ рече дека е во пакт со унгарскиот Виктор Орбан и заедно ја задушуваат слободата во Европа“.

Бродиќ е главен уредник на порталот EnergyPress.net, кој се занимава и со геополитика, а вниманието во Македонија го привлече со анализата насловена „Операцијата на анационалната левица успеа, Република Македонија почина“, преземена и од expres.mk.

SHARE