Бројот на починати од Ковид-19 надмина 400 илјади, колку од маларија годишно

Бројот на починати од коронавирус во светот надмина 400 илјади во петте месеци годинава, колку што годишно умираат од маларија, една од најсмртоносните заразни болести.

Бројот на заразени, пак, достигна седум милиони, од кои 30 проценти се во САД, а 15 отсто во Латинска Америка.

Над една четвртина од сите жртви се од САД (112 илјади), но тој број забрзано расте во Јужна Америка, посебно во Бразил (35,5 илјади).

SHARE